Дома Топ вести „ЕСПН“: Манчестер Јунајтед ќе го тужи Роналдо

„ЕСПН“: Манчестер Јунајтед ќе го тужи Роналдо

Манчестер Јунајтед се подготвува да го раскине договорот за Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот клуб денес излезе со кратко соопштение дека ќе ја анализира ситуацијата и дека се преземени неопходните чекори поради интервјуто.

Набрзо по тоа соопштение од Островот стигна информација, од повеќе извори, дека Јунајтед подготвува раскин на договорот со Роналдо.

„ЕСПН“ открива дека Јунајтед ангажирал адвокати за да ја истражат можноста и да го тужат Роналдо за прекршување на одредени клаузули од неговиот договор, кој истекува на 30 јуни 2023 година.

Истиот извор додава дека Ерик тен Хаг на состанокот со управата на клубот оваа недела веќе побарал Роналдо да биде отстранет од тимот. Некои извори пишуваат дека и намерата на Роналдо со интервјуто била по секоја цена да замине на зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…