Играчот за врска на Тотенхем, Ерик Дајер донесе одлука да го напушти клубот на лето, пренесуваат медиумите на Островот.
26-годишниот играч за врска не може да најде заеднички јазик со Тотенхем за продолжување на соработката. Притоа, менаџерот Мурињо не може да му гарантира голема минутажа, па сето тоа придонесло да донесе таква одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона Дајер запиша 20 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања и има две асистенции.
Тој беше еден од најважните играчи во тимот на Покетино, па се очекува гигантите од Премиер лигата да влезат во битка за неговиот потпис, а Тотенхем е спремен да го пушти за понуда помеѓу 30 и 40 милиони евра.