Дома Фудбал Италија Ериксен успешно опериран, не може повеќе да игра во Серија А

Ериксен успешно опериран, не може повеќе да игра во Серија А

Данскиот репрезентативец, Кристиан Ериксен, кој на ЕУРО колабираше на мечот со Финска и за малку остана жив, е успешно опериран, и тој во наредните денови би требало да биде пуштен од болница.

На Ериксен сега му е вграден дефибрилатор, нешто кое ќе му помогне да води нормален живот, но дефинитивно тој и нема да може да игра фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Особено не во Италија, каде контролите на срцето се ригорозни и докторите сигурно нема да му дадат дозвола да игра фудбал. Ериксен може да добие дозвола во некои други лиги, но ќе игра под сопствена одговорност.

„Ериксен уште не знае дали ќе игра повторно фудбал, тоа е нормално бидејќи испитувањата се во тек, но нема дилеми дека за него приказната во Италија е завршена. Оваа држава со закон забранува играчи со срцеви мани да се занимаваат со професионален спорт“, изјави еминентен кардиолог.

Сепак, дури и да стави крај на професионалната кариера ова е голема победа за Ериксен, кој успеа да остане жив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…