Aргентина вчера спектакуларно ги дочека своите херои, но прославата во Буенос Аирес се претвори во вистински хаос во кој имало и жртви.
Медиумите пренесуваат дека во прославата имало две човечки жртви, а едно бебе се наоѓа во кома. Во болниците биле примени илјадници навивачи поради повреди.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Информациите се дека четири милиони Аргентинци излегле на улиците, според некои информации бројката била и пет милиони. Можеа да се видат видеа како се качуваат по семафори, автобуски постојки, станици, мостови, се качуваа на Обелискот висок 71.5 метри…
Двете жртви се млади лица на 24 и 22 годишна возраст. Едното лице го загубило животот откако паднал од стаклениот кров на кој бил качен и починал.
Друг навивач починал откако се задушил со знаме додека бил на мотор. Бебето се наоѓа во кома затоа што му паднал дел од споменик на кој биле качени десетина навивачи.