Ливерпул до септември следната година на градските власти би требало да им ја предаде документацијата за проширување на „Енфилд“ кој во моментов има капацитет од 54.074 гледачи.
Ливерпул пред неколку години ја прошири главната трибина за дополнителни 6000 места што му донесе заработка од 12 милиони фунти по натпревар. Во новата реконструкција ќе се надгради требината „Anfield Road End“, а се реализираат плановите и за проширување на уште една трибина, па стадионот ќе може да прими уште дополнителни 8000 гледачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со тоа, капацитетот би скокнал на нешто повеќе од 62,000 гледачи, па би го прескокнал „Вајт Харт Лејн“ и би го завзел второто место на табелата на најголемите англиски клупски стадиони зад „Олд Трафорд“.