Во вчерашниот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа во кој Ливерпул доживеа дебакл од Аталанта со убедливи 0:3 навивачите на „црвените“ се истакнаа со еден убав гест.
Фановите на Ливерпул покажаа дека знаат да ценат кога противникот ќе одигра добро и ќе го надигра нивниот тим. Така фудбалерите на Аталанта вчера беа наградени со силен аплауз кој траеше неколку минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вакво нешто не се гледа често на фудбалските терени, меѓутоа сега „Енфилд“ покажа и зошто е еден од храмовите на фудбалот.
Но, треба да се спомене и дека имаше навивачи на Ливерпул кои предвреме го напуштаа натпреварот.
Критики за лошото издание и поразот испрати и легендата на англискиот гигант, Џејми Карагер.