Дома Фудбал Енерике: Меси против Сити играше како во школски двор!

Енерике: Меси против Сити играше како во школски двор!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике го пофали Лионел Меси по одличната игра во победата над Манчестер Сити синоќа во рамките на 3-то коло од Лигата на шампионите.

Меси се врати по повредата, а веќе во вториот меч по паузата постигна „хет трик” во триумфот на „Камп Ноу“ од 4:0.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јасно е дека Лео Меси е најдобриот играч во светот. Тој ја направи разликата, беше инволвиран во сите клучни моменти. Беше ладнокрвен во завршницата на акциите, како да игра во училишен двор”, изјави Енерике.

„Без разлика колку време бил надвор од терените, колку натпревари пропуштил, тој целосно го разбира фудбалот. Оние кои се сомневаат во Меси не се доволно упатени во фудбалот”, заклучи тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Реал Мадрид се извини поради своите грешки на Светското клупско првенство

Реал Мадрид е на врвот на нивната група на Светското клупско првенство и нивната последна …