Германскиот фудбалер, Емре Џан не ја прифати понудата на Ливерпул да го продолжи договорот.
Овој 23-годишен играч за врска има договор со „Црвените“ кој му истекува на крајот од оваа сезона и постои голема можност Џан следното лето да го напушти „Енфилд“ како слободен фудбалер. Ливерпул во неколку наврати му понуди на германскиот играч да го продолжи договорот, но тој тоа го одби.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Џан е стандарден во екипата на Јирген Клоп, а во Ливерпул пристигна пред три години од Баер Леверкузен за 12 милиони евра. Англиските медиуми денеска пренесуваат дека Џан има многу добра причина зошто не сака да го продолжи договорот со „Црвените“.
Наводно, германскиот фудбалер веќе договорил соработка со Јувентус за кого ќе потпише следното лето како слободен играч. Џан и ова лето се поврзуваше со „Старата дама“, но шампионот на Италија постигнал договор со него на крајот на сезоната без никаква оштета да се пресели во Торино.
Овој потег сигурно ќе ги потресе во Ливерпул доколку овие информации излезат точни. Исто така, нема да биде изненадување доколку Џан остатокот од оваа сезона ја помине на клупата. Но, се уште се чека да се огласат од „Енфилд“ поради ваквите шпекулации.