Дома Фудбал Англија Емотивно интервју на Зинчеко: Помина една недела, а јас плачам цело време главата ми е во хаос

Емотивно интервју на Зинчеко: Помина една недела, а јас плачам цело време главата ми е во хаос

Капитенот на украинската фудбалска репрезентација Олександар Зинченко е еден од најгласните фудбалери кои зборуваат против агресијата на Русија врз неговата држава.

Зинчеко разговараше со англиската легенда Гари Линекер и откри дека не може да престане да плаче после гледањето на снимките со разрушени украински градови и села.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Цело време плачам, верувајте ми. Помина една недела, а јас можам да се расплачам и возејќи се кон тренинг центарот, главата ми е во хаос. Замислете вашето родно место да биде срамнето со земја. Горд сум што сум Украинец и таков ќе останам до крајот на животот. Го знам менталитетот на својот народ, попрво би умреле отколку да се предадат“.

Испрати повик до Русите.

„Можам да ви покажам милиони фотографии и видеа да видите што се случува. И како тоа може да биде мировна операција? Тоа е војна не е ништо друго, неприфатливо е и мора да запрат“, порача украинскиот фудбалер.

Емотивното интервју на Зинчеко можете да го погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…