Бојан Кркиќ пред десетина година важеше за еден од најголемите таленти во Европа, но неговата кариера не се развиваше како што сите очекуваа.
За Барселона дебитираше во 2007 година на 17 години, со што го сруши рекордот на Лео Меси. Во младинските категории за Барселона постигна повеќе од 900 погодоци, но кога доби шанса во првиот тим не ја искористи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Беше дел од Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, а сега игра во Алавеш. Епитетот кој го доби на почетокот „новиот Меси“ сега изгледа невозможно да го оправда.
„Иако се беше добро од фудбалска страна се чуствувам навистина лошо и ќе морам да живеам со теретот дека не ги исполнив очекувањата. Бев новиот Меси кога се појавив, но не знам што луѓето очекуваа од мене. Поради проблеми со повреда не настапив на ЕП 2008, а официјално беше објавено дека сум заминал на одмор. Кога требаше да дебитирам за Шпанија објавија дека има гастроетеретис, а бев анексиозен. Никого тоа не го интересираше“…
„Пред Светското првенство за кадети никој не знаеше за мене, а подоцна не можев да излезам на улица. Потоа дебитирав за Барселона, постигнав гол во Лигата на шампионите и стигна повикот од сениорската репрезентација…Во тие моменти чуствував како срцето забрзано ми чука и имав вртоглавица. Имав чуство како да сум болен 24 часа и притисокот беше навистина страшен“.
„Бев исплашен и искрено, не знаев што да правам. Знаев што точно не е во ред со мене, но таа бомба веќе експлодираше и можев само да го гасам пожарот. Морав да побегнам, на било кој на начин. Можеби ќе беше полесно доколку останев во Барселона и не играв. Но морав да заминам. Имав некој свој пат кој беше одреден поради фактот што бев дел од Барселона“, изјави Кркиќ.