Емирот на Катар лично ја презел задачата да го убеди легендарниот француски стратег, Зинедин Зидан да го преземе Пари Сен Жермен, информира новинарот Фабрис Хокинс.
Легендата на францускиот фудбал е прв избор за наследник на Покетино, но Зидан, сепак, ја одбил понудата на раководството на „светците“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тамим бин Хамад Ал Тани лично ја презел работата во свиои раце и во наредните денови ќе има средба со Фрацузинот.
Во моментов Зидан одбива да седне на кормилото на ПСЖ, а една од причините е дека нема да се вклопи со новиот спортски директор Луис Кампос.
Зидан моментално е без ангажман, откако си замина од Реал Мадрид каде постигна историски успеси.