Дома Трансфер зона Емери има големи планови: Го сака фудбалерот на Барселона од 70 милиони евра

Емери има големи планови: Го сака фудбалерот на Барселона од 70 милиони евра

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери е заинтересиран за фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Уругвај, Роналд Араухо, пренесува шпански „Спорт“.

Емери планира да го засили тимот кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а Араухо е на листата на желби на менаџерот на Астон Вила.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Спортскиот директор на Астон Вила Мончи неодамна ја посетил Барселона со цел да се информира за ситуацијата околу Араухо кој има договор со каталонскиот гигант до јуни 2026 година.

Шпанските медиуми пренесуваат дека англискиот клуб во следните неколку недели треба да испрати понуда за Араухо на Барселона, а отштетата за уругвајскиот фудбалер веројатно би изнесувала околу 70 милиони евра.

Араухо (25) е член на Барселона од 2018 година, а за првиот тим на каталонскиот клуб одигра 150 натпревари и постигна осум гола. За репрезентацијата на Уругвај одигра 16 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …