Новата сезона во Премиер лигата Арсенал ја започна со пораз од 2:0 против Брентфорд кој минатата сезоан играше во Чемпионшип.
За Арсенал тоа е продолжување на агонијата откако клубот во минатата сезона заврши на осмата позиција и остана без пласман во европските натпревари. Навивачите се разочарани, а слично размислува и поранешниот играч на овој клуб Емануел Петит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постепено го губам интересот за Арсенал. Повеќе не ми буди никакви емоции“, изјави Петит за „РМЦ Спорт“.
Петит за Арсенал играше од 1997 до 2000 година. Со Арсенал ја освои Премиер лигатаи ФА Купот во 1998 година. Во кариерата играше уште за Монако, Барселона и Челзи.
За репрезентацијата на Франција настапуваше од 1990 до 2003 година. Одигра 63 натпревари и постигна шест голови. Со Франција во 1998 година бше шампион на дветот, две години подоцна и шампион на Европа.