Дома Фудбал Останато Елмас: Среќен сум што ќе играм во Наполи!

Елмас: Среќен сум што ќе играм во Наполи!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вчера ги помина лекарските прегледи во клиника во Рим, а подоцна им се приклучи на своите нови соиграчи во тренинг кампот на Наполи.

Наполи за неговиот потпис плати 16 милиони евра, а Елмас вели дека ова е шанса да ги покаже своите квалитети.

„Навистина сум среќен и возбуден што ќе играм во Наполи. Ова е мојата голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам“, изјави Елиф Елмас.

Инаку трансферот на македонскиот репрезентативец од Фенербахче во Наполи е за сума од 16 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Тој потпиша петгодишен договор со италијанскиот клуб и годишно ќе заработува 1,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вест Хем со убедлива победа против деветчлениот Линколн

Вест Хем постигна убедлива победа од 6-0 против Линколн, кој остана со девет играчи. Следе…