Дома Фудбал Италија Елмас со емотивна порака се збогува од Анчелоти

Елмас со емотивна порака се збогува од Анчелоти

Наполи со победата против Генк од 4-0 избори пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони, меѓутоа атмосферата во соблекувалната по средбата била тажна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Без оглед на триумфот, претседателот Аурелио де Лаурентис реши да му даде отказ на Карло Анчелоти и тоа против желбата на играчите.

Кога дознаа дека Анчелоти добил отказ, многумина почнале да плачат во соблекувалната по мечот, тврдат италијанските медиуми.

По отказот некои фудбалери јавно го поддржаа Анчелоти, а емотивна порака испрати и нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

„Мистер, ти благодарам за се што направи за мене. Беше задоволство да се работи со тебе, беше задоволство да ми бидеш тренер. Ти посакувам се најдобро во иднина“, порача Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…