Дома Фудбал Останато Елмас: Имам дрес од Модриќ, тој е број еден!

Елмас: Имам дрес од Модриќ, тој е број еден!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва со неговиот Лајпциг го пречекува Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Елмас пред мечот даде интервју за „Марка“ каде откри дека негов омилен фудбалер од „кралскиот“ клуб е Лука Модриќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Слушајте, јас сум од Балканот и може да има само еден избор, а тоа е од срце – Лука Модриќ. Се што постигна со Реал и Хрватска е неверојатно. Ја освои Златната топка. Не го велам тоа дека Реал нема многу големи играчи, но мојот фаворит е Лука. Знаете, тој е многу посебен за сите нас Балканците. За мене тој е број 1 за целото подрачје каде што беше Југославија. Секако дека имам негов дрес“, истакна Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…