Селекцијата на Шведска по драматичен финиш во продолженија обезбеди пласман во рамки на финалето од ЕП во ракомет во Хрватска, славејќи над Данска со 35:34.
Швеѓаните беа доминантни уште од самиот старт, па во некои моменти имаа разлика и до пет погодоци позитива. Така, на полувреме се замина со резултат 16:14 во корист на Шведска.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Данска пак, во вториот дел во финишот успеа да се доближи, па непосредно заедно со судискиот свиреж, Сван на Данска и донесе нова надеж во продолженијата,
Во продолженијата, Швеѓаните повторно започнаа подобро и по првите 5 минути имаа предност од 1 разлика, која што ја задржаа до самиот крај.
Шведска во недела во големото финале ќе игра против Шпанија, додека Франција и Данска ќе ги одмерат силите во натпреварот за 3. место.