Иван Елгера е поранешен фудбалер на Реал Мадрид, кој беше дел од генерацијата „Галактикоси“ и сега открива интересна случка од тој период.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Елгера играше заедно со Луис Фиго, Роберто Карлос, Зинедин Зидан, Роналдо, Дејвид Бекам… па раскажа за гламурот на забавите кои ги организирале фудбалерите.
„Бекам, Зидан и Фиго беа неверојатни професионалци. Бразилците Роберто Карлос и Роналдо сакаа повеќе да излегуваат, но сепак не излегуваа секој ден. Сепак, се сеќавам дека бев на една роденденска забава на Роналдо и бев заедно со мојата сопруга“.
„Кога дојде автобус полн со девојки, мојата сопруга веднаш ме погледна и рече дека си одиме дома. Истото го направи и сопругата на Фиго. Тоа се случи во куќата на Роналдо, онаа која подоцна му ја продаде на Рамос“, открива Елгера.