Дома Трансфер зона Експертот за трансфери тврди: Многу играчи не сакаат да одат во Ливерпул

Експертот за трансфери тврди: Многу играчи не сакаат да одат во Ливерпул

Еден од најпознатите новинари за трансфери во светот на фудбалот, Фабрицио Романо тврди дека во овој момент голем број фудбалери не сакаат да потпишат за Ливерпул.

Ливерпул има големи проблеми со повредите, посебно во одбраната каде што останаа без Вирџил Ван Дајк до крајот на сезоната, а повредени се уште Џо Гомез и Жоел Матип.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Клоп бара замени, но Романо тврди дека играчите не сакаат да одат во Ливерпул во овој момент затоа што сметаат дека ќе бидат резерви кога повредените ќе се вратат.

„Многу фудбалери не сакаат да дојдат во Ливерпул. Мислат дека ќе играат 5-6 натпревари и ќе бидат резерви кога повредените ќе се вратат. Затоа во Ливерпул имаат став: Во ред, ако можеме да доведеме ќе доведеме некого, ако не ќе се служиме со тоа што имаме“, изјави Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…