Дома Топ вести „Екип“ открива неверојатно сценарио за иднината на Нејмар

„Екип“ открива неверојатно сценарио за иднината на Нејмар

Еминентниот весник „Екип“ тврди дека Нејмар може да остане во ПСЖ, но нема повеќе да заигра за францускиот клуб.

Француските медиуми пишуваат дека „светците“ се замориле од „сапуницата“ со бразилската ѕвезда, која пред две години пристигна од Барселона за 222 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ бара 180 милиони евра за неговата слобода и тоа до 10 август, па ако Барселона не ја плати таа сума, Нејмар најверојатно ќе остане во Париз.

Само тогаш би можел да биде целосно надвор од екипата и плата да добива за гледање на натпреварите од трибини.

Тоа би било навистина поразителен епилог за сите три страни и сценарио, кое ниту една страна не го посакува.

Каталонските медиуми пак пишуваат дека Барса прави план и ќе се обиде да го донесе Нејмар на едногодишна позајмица, со задолжителен откуп следното лето за 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…