Веќе нема дилеми. Месут Озил нема да игра за Барселона.
Имено, иако беше прва мета на Каталонците за зимскиот период, бидејќи дури на лето имаат намера да го донесат Кутињо, Германецот го шокираше раководството на Барселона кое планираше да тргне во офанзива, и да плати обештета на Арсенал, дополнително со договор за Арда Туран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, барањата на Озил ги преминаа границите, тој бара 19 милиони евра, со што би станал четвриот најплатен играч во Европа, со сегашната платена структура, Барса тоа не може да си го дозволи и да сака.
Вториот услов пак, за Валверде е неприфатлив. Озил бара да му биде гарантирана минутажа покрај Ракитиќ и Иниеста, за да го задржи местото во германската репрезентација.
Тоа нема да се случи, па јасно е дека целата оваа приказна делува нереално и дека сигурно Озил нема да биде опција во текот на јануарскиот преоден рок.
И натаму најверојатно останува опцијата да остане во Арсенал до крајот на сезоната, а потоа да се пресели во Манчестер Јунајтед кај Мурињо.