Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Еден стадион се уште не е спремен, во ФИФА стравуваат: Има уште многу работа, а роковите веќе се пробиени (Видео)

Еден стадион се уште не е спремен, во ФИФА стравуваат: Има уште многу работа, а роковите веќе се пробиени (Видео)

Иако Русите го убедуваа светот дека сите стадиони ќе бидат завршени во предвидените рокови, стадионот во Самара се уште не е подготвен.

Работата на „Космос Арената“ неколку пати беше прекинувана и заостанувањето не е воопшто мало па ФИФА испрати и предупредување до Русија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Загрижени сме поради доцнењето. Има уште многу работи, а роковите веќе се пробиени. Навистина е потребен огромен напор за се да биде завршено на време“, изјави Колин Смит, директор на ФИФА.

Во ФИФА стравуваат дека поради задоцнети рокови нема да успеат на време да ја тестираат својата опрема. Меѓутоа извршниот директор на локалниот организационен одбор Алексеј Сорокин се обиде да ја смири ситуацијата.

„Се ќе биде завршено до крајот на април и ќе има доволно време да се направат сите тестирања“, порача Сорокин.

„Космос Арената“ ќе може да прими 44.918 гледачи, а трошоците за изградба се проценуваат на 320 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Диего Симеоне во чудо: Атлетико го заменува со поранешна ѕвезда на Барселона!

Поранешниот врзан играч и долгогодишна турска легенда Арда Туран може да се врати во редов…