Никој не го издрибла цела сезона – ова е реченицата со која најчесто се опишува квалитетот на стоперот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк.
Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот никој не успеа да го издрибла во сезоната 2018/2019.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Клоп да го има на располагање Ливерпул мораше да плати 80 милиони евра и јасно е дека не погреши.
Серхио Агуери, Лео Меси, Роберт Левандовски, Сон Хеунг Мин…Се некои од играчите со кои се сретна Холанѓанецот. Напаѓачи кои би го издриблале секој дефанзивец, но не и Ван Дајк.
Меѓутоа Бразилецот, Лукас Моура не верува дека тоа е баш така, тој тврди дека Ван Дајк е издрибалн и тоа токму против Тотенхем.
„Не знам дали тоа е вистина, велат дека никој не го издриблал…Ако човекот помине покрај вас тоа е веќе дриблинг. Не знам, играчите постојано поминуваа покрај него. Знам дека постигнав гол против Ливерпул и тој беше оставен назад, но дека е добар, добар е“, изјави Моура.
Се добива впечаток дека Моура не го интересира критериумот кој се зима во предвид (дали некој е издриблан) туку важно му е што неговиот тим успеал да ја надмурди комплетната одбрана на Ливерпул.