Дома Трансфер зона Еден Азар се договорил со Реал Мадрид?!

Еден Азар се договорил со Реал Мадрид?!

Французите тврдат дека веќе се е договорено.

Ако може да му верува на францускиот медиум „RMC Sport“, Eден Азар на крајот од сезоната ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Наводно, Белгиецот ги договорил условите со „кралевите“ и по завршувањето на актуелната сезона ќе следи негова преселба во Мадрид.

Доколку овие информации се покажат како точни, Реал ќе биде трет клуб во кариерата за Азар. Да потсетиме, пред да пристигне во Челзи го носеше дресот на француски Лил.

Негов евентуален трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ би требало да значи и почеток на една нова ера и веројатно би следело заминување на некои од ѕвездите на клубот, пред се тука се мисли на Герет Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…