Дома Топ вести „Егзодус“ во Реал Мадрид: Ниту еден играч нема загарантирано место!

„Егзодус“ во Реал Мадрид: Ниту еден играч нема загарантирано место!

Дури и најголемите ѕвезди на Реал Мадрид не можат да бидат сигурни за своето место во тимот наредната сезона, тврдат шпанските медиуми.

Повеќе од половина тим од сегашните играчи би можеле да го напуштат клубот, Зидан ќе го намали бројот на фудбалери и има многу јасна претстава како би требало да изгледа тимот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Зинедин Зидан признава дека е тешко да се мотивираат играчите кога немаат борба за трофеи, но и додаде дека тоа е еден вид кастинг за следната сезона.

Шпанскиот еминентен новинар Жосеп Педрерол, кој е добро информиран за случувањата во Реал Мадрид тврди:

„Конечните одлуки ќе бидат донесени ладнокрвано и спокојно. На Зидан му е јасно дека не му се потребни играчи кои не се спремни да се борат за дресот на Реал. После мечот во Валенсија тој список стана доста подолг. Ова лето ќе има вистински „егзодуд“ во Реал Мадрид“, тврди новинарот.

Според шпанските медиуми дури ни фудбалери кои важеа за омилени на Зидан како: Каземиро, Модриќ, Крос и Марсело немаат загарантирано место во тимот за следната сезона.

Зидан ќе ослободи повеќе играчи, отколку што ќе доведе, потребен му е тим од најмалку дваесет играчи, плус три голмани. Во овој момент ги има вкупно 25, голманот Лунин ќе биде вратен од позајмица ако си оди незадоволниот Куртоа. За Ковачиќ, Одегард, Родригез и Ернандез нема место, како ниту за напаѓачите Мајорал и Ромаса кои се во Леванте, односно Рајо Ваљекано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус спреми 60 милиони за ѕвездата на Аталанта

Јувентус е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…