Дома Трансфер зона Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Леверкузен

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Леверкузен

Европските гиганти покажуваат силен интерес за ѕвездата на Баер Леверкузен, Муса Диаби.

23-годишниот крилен напаѓач игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


ПСЖ, Арсенал и Њукасл покажуваат најсилен интерес и веќе ја започнале битката за неговиот потпис.

Французинот во досегашниот дел од сезоната има 13 гола и 9 асистенции, но Леверкузен за неговата слобода бара повеќе од 50 милиони евра.

ПСЖ на лето сака да донесе засилување во нападот бидејќи сака да се ослободи од Нејмар, а иднината на Меси е неизвесна.

Арсенал и Њукасл исто така бараат крилни напаѓачи и го сакаат Дијаби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…