Дома Македонски спорт Мак ракомет Европо, Вардар повторно е МОЌЕН – во Скопје падна и Рајн Некар! (ВИДЕО)

Европо, Вардар повторно е МОЌЕН – во Скопје падна и Рајн Некар! (ВИДЕО)

Вардар го продолжува фантастичниот старт во Лигата на шампионите – во Скопје падна и Рајн Некар!

Момците во црвено-црно денес повторно прикажаа фантастична игра и славеа против Рајн Некар со 29:27 на домашен терен.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


За четвртата победа од исто толку натпревар клучна беше играта во второто полувреме, а во клучните моменти на сцена стапи новата ѕвезда на тимот Дејан Милосављев кој имаше неколку фантастични одбрани.

Гостите беа нешто подобар во противник во првото полувреме и скоро во текот на комплетните 30 минути имаа предност, освен во еден момент кога беше 5:5. На полувреме Вардар замина со негатива од два гола 13:15.

Вторите 30 минути започнаа по „мерка“ на македонскиот претставник, брзо вардарци направија серија од 3:0 и го свртеа резултатот во своја полза. Во продолжение гледавме сигурна игра на Вардар и како и во првиот дел кога Рајн Некар скоро цело полувреме имаше предност, сега Вардар беше во таква улога.

На крајот избраниците на Парондо се израдуваа на победа од 29:27.

Најефикасен кај Вардар беше Дибиров со осум гола, а по четири постигнаа Карачич и Борозан. Кај Рајн Некар најрасположен беше Петерсон со седум.

Четврта победа сезонава во Лига на шампиони

Gepostet von RK Vardar am Samstag, 6. Oktober 2018

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…