Селекцијата на Шпанија со вардарецот Жоан Кањелас ќе игра во полуфиналето на Европското првенство, откако вечерва „црвната фурија“ со 31-27 го детронизира и официјално европскиот шампион Германија и обезбеди место меѓу најдобрите четири.

Шпанија од самиот старт против Германија водеше, но во вториот дел ја направи клучната разлика со која исчекори кон победата и полуфиналето. Поранешниот вардарец Алекс Дујшебаев и Феран Соле со по пет гола беа одлично дополнување за најефикасниот Давид Балагуер кој даде шест гола во големиот триумф на „црвената фурија“. Кај Германија која го предава тронот најдобар стрелец беше Каи Хафнер со пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ го смести Вардар во вториот шешир во Лига Европа

Европската федерација, ЕХФ денеска ги објави шеширите пред ждрепката за Лига Европа, а еки…