Стопирањето на актуелната сезона поради пандемијата од коронавирусот го пролоингира и стартот на новата сезоната, пред квалификациите за новата сезона во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ кој е во контакт со неговиот сонародник Зоран Лаковиќ кој е член на работната група на УЕФА за новиот распоред ги објави првите термини кога би моежеле да стартуваат евроквалификациите за ЛШ.
Според она што тој го изјави првите термини се 28 јули и 4 август, тогаш би се играле т.н претквалификации, а за 11 август е планиран терминот за првата рунда во Лигата на шампиони. Тое е еден месец подоцна од нормалниот календар.
Сепак, тука се отвара проблем. Кај нас вонредната состојба е пролонгирана за уште еден месец и тоа значи дека фудбал во првата лига нема да има пред јуни. Од лигата останаа 13 кола, но и куп натпреварите и сето тоа би завршило за два месец, а потоа без многу одмор да се започне евросезоната, практично без подготовки.