Дома Трансфер зона Еве како треба да изгледа Милан следната сезона!

Еве како треба да изгледа Милан следната сезона!

Новите сопственици на Милан имаат јасна цел и сакаат да изградат моќен тим за следната сезона, а веќе одредиле солиден трансфер буџет за ова лето.

Имено, „росонерите“ веќе ги договорија трансферите на Мусакио од Виљареал и Франк Кесие од Аталанта, но тоа е само почеток, а италијанските медиуми откриваат како треба да изгледа Милан следната сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кинезите одредиле трансфер буџет од 150 милиони евра, на кој би требало да се додадат и додатни 50 милиони од продажбите на Бака, Нианг и Де Шиљо.

Главна цел е да се донесе една голема ѕвезда во нападот, најголеми желби се Обамејанг или Мората, иако ова се тешко остварливи цели во моментов. Поради тоа како алтернатива се споменуваат Калиниќ и Џеко.

Во одбраната покрај Мусакио треба да пристигне и левиот бек на Волфсбург, Рикардо Родригез, а планот е да се донесе и еден искусен играч за врска (Фабрегас или Луис Густаво).

Притоа готово сигурно „росонерите“ ќе донесат и еден крилен напаѓач, најголемата желба е Кита Балде од Лацио, а како алтернатива се споменува Папу Гомез.

Италијанските медиуми денес ексклузивно пренесоа како треба да изгледа тимот на Милан за следната сезона.

Донарима
Абате, Мусакио, Ромањоли, Рикардо Родригез
Фабрегас (Луис Густаво), Кесие, Бонавентура
Сусо, Мората (Калиниќ), Кеита

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…