Бројни европски медиуми објавија дека Роналдо му бил понуден на Баерн како замена за Левандовски, но раководството на баварскиот гигант решило да не го доведе 37-годишниот Португалец.




„Скај Спорт“ сега објави зошто челниците на германскиот шампион беа против доведување на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
– Одржување здрава структура во платите на фудбалерите (Роналдо заработува 30 милиони евра нето)




– Годините на Кристијано Роналдо (37)




-Клубот сака играчи кои играат пресинг и кои се подготвени да трчаат




– Младоста на тренерот Нагелсман и здравите односи во соблекувалната




Дека Роналдо нема да дојде најави и Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн.




„Кристијано Роналдо е врвен играч со одлична кариера. Сепак, шпекулациите кои се појавија не се точни“, изјави Салихамиџиќ за „Скај“.