
Според пишувањата на британскиот реномиран весник, „Telegraph“, Евертон ја одредил цената за доведувањето на 23-годишниот Рос Баркли, а таа изнесува неверојатни 50 милиони фунти.
Менаџерот на Еверон, Роналд Куман претходно потврди дека Баркли сигурно ќе биде продаден ова лето доколку до крајот на оваа недела не прифати продолжување на договорот кој му бил понуден од страна на управата на „Гудисон Парк“.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Куман додаде дека нема шанси повеќе да чекаат на неговата одлука, бидејќи во случај да го одбие новиот договор, клубот ќе мора да бара соодветна замена за него за да формира тим и подготвено да го дочекаат почетокот на следната сезона.
Баркли „изникна“ од школата на Евертон и од дебито за првиот тим во 2010. година запиша 177 настапи и постигна 26 гола. Овој англиски репрезентативец најмногу се поврзува со Тотенхем, но и екипите на Челзи и Арсенал се заинтересирани за неговите услуги.