Дома Трансфер зона Евертон со ултиматум до ѕвездата: Или потпишувај или си одиш!

Евертон со ултиматум до ѕвездата: Или потпишувај или си одиш!

Евертон му постави ултиматум ма еден од своите главни фудбалери, Рос Баркли – да потпише нов договор со клубот, или да си замине во текот на летото.

Менаџерот на „карамелите“, Роналд Куман лично го поставил прашањето на маса, за да може ситуацијата наскоро да се реши и Баркли да донесе конечна одлука.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Двете страни подолго време преговараат, но сеуште не нашле заеднички јазик. Затоа Куман му постави ултиматум на 23-годишниот фудбалер, или во следните два месеци да потпише нов договор, или ќе биде продаден на лето.

Сличен проблем „карамелите“ имаа и со првата ѕвезда Ромелу Лукаку, кој неодамна јавно се изјасни дека нема да потпише нов договор и сака да направи чекор напред во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…