Дома Трансфер зона Евертон во последните моменти од преодниот рок го обезбеди и Деле Али

Евертон во последните моменти од преодниот рок го обезбеди и Деле Али

Евертон во последниот ден од преодниот рок го заврши и трансферот на Деле Али.

Во текот на вчерашнит ден беше работно во таборот на „карамелите“ Лампард беше претставен за нов тренер, потпишаа со Ван Де Бек, а во последните минути беа во трка со времето и за Деле Али.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


На крајот успеаа се навреме да завршат за поранешната голема надеж на англискиот фудбал. Деле Али потпиша договор на 2.5 години. За овој трансфер Евертон не плаќа ништо иако фудбалерот беше под договор со Тотенхем до 2024 година, во Лондон сакаа да се ослободат од него. Сепак во договорот има вметната одредени клазули.

Првата ќе им донесе 10 милиони фунти ако Деле Али одигра 20 натпревари во следните 2.5 години, а потоа се додадени повеќе клазули кои вкупно можат да донесат уште 30 милиони фунти.

Вчера Евертон имаше обид и за Лука Јовиќ од Реал Мадрид, сепак не успеаа да стигнат до српскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…