Мундијалската треска полека го зафаќа светот, Светското првенство е се поблиску!
На неколку недели пред почетокот ни пристигнува интересна вест поврзана со продажбата на дресови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нигерија секогаш била важен дел од Мундијалите, а ќе настапи и на овој Мундијал. Зелено-белите во Русија ќе играат во група со Аргентина, Хрватска и Исланд. Нема да имаат лесна задача да ја поминат групата, но како и секогаш очекуваат голема поддршка од навивачите.
Она што во што се истакнува оваа репрезентација пред почетокот на првенството се нивните дресови. Верувале или, во „Најк“ пристигнале повеќе од три милиони барања за дресот на оваа селекција!
Дресот на Нигерија кој е дизајниран од „Најк“ навистина изгледа одлично и нема сомневање дека дизајнерите кои работеа на дресот ќе добијат убави бонуси бидејќи профитот од продажбата ќе биде огромен.