Дома Фудбал Останато Драма на фудбалски натпревар: Хрватски судија спасил живот на млад фудбалер

Драма на фудбалски натпревар: Хрватски судија спасил живот на млад фудбалер

Aмир Икановиќ, 34-годишниот хрватски судија станал херој во натпревар на екипи до 19 години откако на млад германски фудбалер му го спасил животот по епилептичен напад.

Икановиќ настанот го опиша за порталот „Феникс“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По 25 минути игра го направив договорениот прекин поради високите температури. Додека бевме да земеме вода еден од играчите на Арнсторф се сруши на теренот. Не размислував ниту секунда, истрчав веднаш до него. Веќе беше опкружен од соиграчите, тука беше и неговата исплашена мајка“.

„Брзо препознав дека се работи за епилептичен напад со кој се борев во младоста. Се обидов да бидам смирен, ја смирував и мајката, побарав да повикаат брза помош. Ситуацијата се влоши кога младиот фудбалер изгуби свест, не можеше да диши поради јазикот кој му остана во грлото. Го свртев на грб и започнав кардиопулмонална реанимација која веднаш се покажа како успешна. Го оживеавме и така ја спречивме опасноста по неговиот живот пред брзата помош да дојде на теренот“, раскажа Икановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…