Дома Луд Спорт Драма во Токио: Белоруската атлетичарка не сака да се врати дома, бара азил во Јапонија

Драма во Токио: Белоруската атлетичарка не сака да се врати дома, бара азил во Јапонија

Атлетичарката Кристина Тиманускаја која учествува на Олимпијадата во Токио изјави дека нејзиниот живот бил загрозен во Белорусија и ќе побара азил во австриската или германската амбасада во Токио. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, 24-годишната спортистка го критикуваше раководството на атлетскиот тим, а потоа ги обвини претставниците на Белорускиот олимписки комитет дека сакаат да ја вратат во својата татковина.

Таа изјави, дека била наведена во трката 4×400 метри, иако досега никогаш не учествувала во таа дисциплина.

„Барам помош од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Под притисок сум и тие сакаат со сила да ме вратат во Белорусија, иако јас не се согласив на тоа“, изјави Тиманускаја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…