Дома Фудбал Останато Драма во Амстердам: Тадиќ се тепал со крадци!

Драма во Амстердам: Тадиќ се тепал со крадци!

Капитенот на репрезентацијата на Србија и Ајакс, Душан Тадиќ кон крајот на јули преживеал вистинска драма во Амстердам.

Иако се случило кон крајот на јули, до медиумите стигна кога објави „Холандски Телеград“. Тадиќ се нашол на мета на разбојници во близина на неговиот дом кога го паркирал автомобилот помеѓу 27-ми и 28-ми јули.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Двајца разбојници со кациги нба главата се обиделе од Тадиќ до го украдат скапоцениот часовник. Српскиот фудбалер се обидел да побегне, но не успоеал па влегол во физичка пресметка со нив. На крајот успеал и да се одбрани, отварајќи го визирот на еден од напаѓачите по што возвратил со неколку удари.

Тадиќ на крајот заработил неколку модринки, но поминал без посериозни повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона сега чудо ќе ја спречи да освои титула, Левандовски со среќен гол го урна Атлетико (Видео)

Фудбалерите на Барселона во 30. коло на Примера победија Атлетико Мадрид со 2:1 и така ја …