Дома Топ вести Драматичен момент во авионот на фудбалерите на Гамбија: „Сите може да бидеме мртви…“

Драматичен момент во авионот на фудбалерите на Гамбија: „Сите може да бидеме мртви…“

Фудбалерите на Гамбија со авион заминаа за Брегот на Слоновата Коска каде ќе учествуваат на Африканскиот куп на нации, но нивниот лет брзо се претвори во драматична ситуација.

Девет минути по полетувањето од главниот град, неколку играчи и други патници одеднаш заспале, а некои изгубиле свест.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓу патниците владеела паника, но пилотот брзо реагирал, го свртел авионот и се вратил на пистата.

Тој сфатил дека во авионот нема доволно снабдување со кислород и дека патниците губат свест поради недостаток на нормално дишење.

Се испостави дека системот за снабдување со кислород во кабината не функционира правилно, а во воздухот има опасна концентрација на јаглерод диоксид.

Селекторот Том Сентфит за холандската телевизија изјави: “Сите можеше да бидеме мртви. Многу брзо заспавме, а некои не се разбудија дури и по слетувањето. Да бевме во воздух уште половина час, сите ќе бевме мртви денес. Ова е целосно неприфатливо“.

За среќа никој од играчите не претрпе последици, на крајот сите се разбудија иако беа во шок. Овој инцидент ја истакнува сериозноста на проблемот со снабдувањето со кислород во авионите и важноста од навремена акција на пилотите во вакви ситуации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …