Дома Фудбал Германија До солзи ќе ве насмее: Анегдотата на Хајнкес во лифтот

До солзи ќе ве насмее: Анегдотата на Хајнкес во лифтот

Тренерот на минхенски Баерн, Јуп Хајнкес раскажа интересна анегдота од лифтот.

Хејнкес се врати од пензија и го предводи Баерн кон нови трофеи. Баварците убедливо се први во Бундеслигата и секој час го осигуруваат трофејот, а во ЛШ се на прагот од полуфиналето по 2:1 победата над Севиља.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во третиот мандат на клупата на Баерн, Хејнкес остватува запазени резултати, а и по природа е симпатичен човек. А денес, со анегдота од лифтот ги насмеа сите новинари.

„Утринава во лифтот влезе стар брачен пар. Госпоѓата примети дека имам знак од Баерн на реверот и ми вели: „Леле, па вие сте навивач на Баерн“. Одговорив, да, секако“, истакна низ насмевка прославениот стратег.

Баерн во сабота гостува кај Аугзбург и можеби веќе тогаш ќе ја прослават новата титула во германското првенство, а Хајнкес по се судејќи на крајот од сезоната ќе замине во заслужена пензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Навивачите на Баерн збеснаа: Бизарно објаснување зошто го избркале Милер

Томас Милер пред неколку дена потврди дека по 25 години го напушта Баерн бидејќи клубот не…