Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо ќе биде една од најжешките теми на трансфер пазарот ова лето.
Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци покажува голем интерес за Англичанецот, но „милионерите“ не сакаат да прават отстапки околу цената.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена од Дортмунд порачаа дека тој што го сака Санчо ќе мора да плати 100 милиони евра, во спротивно сите други понуди ќе бидат одбиени.
Санчо и оваа сезона блескаше во дресот на „милионерите“ и постигна 20 гола и запиша 20 асистенции во сите натпреварувања.
„Црвените ѓаволи“ се уште калкулираат и не испраќаат понуда, а Дортмунд денес му постави ултиматум на англискиот гигант.
Имено, „милионерите“ порачаа дека 10 август е краен рок за реализација на трансферот, после тој датум нема да разгледуваат никакви понуди за Санчо.
Останува да видиме дали Јунајтед има финансиска моќ и желба да го реализира трансферот, а за тоа има уште еден месец.
Borussia Dortmund have told Manchester United that if they want to sign Jadon Sancho, a deal must be completed by August 10th. (Source: BILD) pic.twitter.com/XXgMvpyoiK
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 7, 2020