Како што пренесуваат германските медиуми, шведскиот „вундеркинд“ Александер Исак е нов фудбалер на Борусија Дортмунд.
Шпанските медиуми тврдеа дека 17-годишниот напаѓач е на чекор од Реал Мадрид, но „новиот Ибрахимовиќ“, како што го нарекуваат во Шведска, на крајот заврши во Борусија Дортмунд.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Исак важи за еден од најголемите таленти во светот и веќе постигна гол за шведската репрезентација, со што стана најмладиот стрелец во историјата на Шведска.
Исак потпиша договор на 5 и пол години со Борусија Дортмунд, односно до 2022 година, а неговиот клуб АИК како обештетување ќе добие 9 милиони евра.