Дома Трансфер зона Дортмунд договори наследник на Халанд, пристигнува ѕвездата на Ајакс

Дортмунд договори наследник на Халанд, пристигнува ѕвездата на Ајакс

Борусија Дортмунд беше во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона, кој може да биде долгорочна замена за Ерлинг Халанд.

Германските медиуми пренесуваат дека „милионерите“ постигнале договор со голтерегот на Ајакс, Себастијан Халер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Халер одигра фантастична сезона во Ајакс каде на 40 меча постигна 34 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони постигна 10 гола.

Халер беше мета на неколку европски гиганти, но Дортмунд ја победи конкуренцијата и го договори неговиот трансфер за 35 милиони евра.

Голгетерот веќе ги договорил личните услови со „милионерите“ за 5-годишна соработка и во наредните денови ќе го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…