Борусија Дортмунд денес и официјално го потврди трансферот на големиот англиски талент, Џуди Белингам, кој доаѓа од Бирмингем.
Иако овој 17 годишен фудбалер се уште не потпишал професионален договор со Бирмингем, „Скај Спорт“ пренесува дека англискиот клуб за него ќе добие 26 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дортмунд за потписот на овој тинејџер се бореше со Челзи, Реал Мадрид, Баерн и Манчестер Јунајтед.
Белингам до сега настапуваше за селекцијата на Англија до 17 години, а наводно ја избрал Борусија Дортмунд затоа што станува збор за клуб кој им дава шанса на младите играчи.
„Многу сум среќен што доаѓам во еден од најголемите клубови во Европа. Одлуката беше многу лесна и семејството ме поддржа. Му благодарам на Бирмингем каде поминав прекрасни 7 години“, изјави Белингам.
? Na na na na-na-na-na, na-na-na-na…
— Borussia Dortmund (@BVB) July 20, 2020
#HeyJude pic.twitter.com/U8y7lyVJUv