Дома Фудбал Останато Дополнување на веста за Суарез: Тој не знае ниту збор италијански

Дополнување на веста за Суарез: Тој не знае ниту збор италијански

Италијанските медиуми утрово објавија дека Луис Суарез со измама го поминал тестот по италијански јазик и дека нема да го добие пасошот на оваа држава.

Суарез сакаше да добие пасош за да не биде сметан за странец во европските клубови, токму тоа беше најголемиот проблем за трансферот во Јувентус. Трансферот пропадна, но Суарез секако сакаше да го добие пасошот па процедурата продолжи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фабрицио Романо објави дека Италијанците дошле до докази дека Суарез однапред ги добил прашањата и затоа тестот ќе биде поништен.

По ова стигна дополнување од „Ла Република“. Овој медиум објави дека уругвајскиот напаѓач воопшто не знае ниту еден збор италијански јазик иако сопругата му е од Апенините.

„Тој не знае ниту еден збор италијански јазик. Ако новинарите го прашаат нешто на италијански тој ќе биде изгубен. Тој можеше да заработува 10 милиони евра годишно ако го положеше тестот, но сега е јасно дека Јувентус добро помина“, пишува „Ла Република“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси го исфрли најплатениот играч од тимот, а сега се ослободува од него

Поранешната ѕвезда на Челси, Рахим Стерлинг, кој падна во втор план кај тренерот Енцо Маре…