Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ се налути и избрка навивач од трибините 🎥

Дончиќ се налути и избрка навивач од трибините 🎥

Тимот на Далас изминатата вечер го претрпе и четвртиот пораз во низа, Феникс беше подобар од тимот на Дончиќ со 132:109.

Словенечкиот кошаркар во овој натпревар беше дел и од еден мал инцидент во кој избрка навивач од трибините. Навивачот констатно го провоцираше и му дофрлаше од трибините, па во еден момент на Дончиќ тоа му здосади и побара тој да биде исфрлен од салата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Натпреварот Дончиќ го зџаврши со 34 поени, девет асистенции и осум скока, меѓутоа недостасуваше поддршката од неговите соиграчи. На спротивната страна фантастичен беше Девин Букер кој средбата ја заврши со 46 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Шарлот 113-106

Вашингтон – Минесота 107-118

Мајами – Мемфис 96-105

Хјустон – Портланд 131-137

Милвоки – Кливленд 126-116

Далас – Феникс 109-132

Сан Антонио – Оклахома 114-140

Голден Стејт – Атланта 134-112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…