Дома Останати Кошарка Дончиќ и Далас втор пат по ред го победија шампионот Лејкерс

Дончиќ и Далас втор пат по ред го победија шампионот Лејкерс

Далас со 108-93 го победи Лос Анџелес Лејкерс, втор триумф за три дена над шампионот, Денвер со 129-116 беше подобар од Хјустон. 

Далас и Лејкерс одиграа два меча по ред, а двата ги доби клубот од Тексас. Овој пат уште поубедливо, 108-93. Поуел беше најефикасен во составот на Далас со 25 поени, одлична партија имаше Дончиќ кокј постигна 18 поени, имаше 13 асистенции и осум скокови. Кај Лејкерс Меклемор постигна 20 поени, Дејвис полека добива поголема минутажа, овој пат реализириаше 17 поени.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Денвер со 129-116 го победи Хјустон. Портер беше маестрален постигнувајќи дури 39 поени, Јокиќ реализираше 24 поени, имаше и 12 асистенции. Во соствот на Хјустон, Вилсон постигна 25 поени.

Резултати: 

Њујорк – Торонто 120:103
Милвоки – Филаделфија 132:84
Индијана – Детроит 115:109
Мајами – Чикаго 106:101
Њу Орлеанс – Сан Антонио 108:110
Далас – ЛА Лејкерс 108:93
Јута – Минесота 96:101
Денвер – Хјустон 129:116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јута броеше до 150, Марканен брутален, но сите зборуваат за потегот на Нуркиќ од втората четвртина (Видео)

Кошаркарите од Јута по продолжението постигнаа победа против Чикаго Булс во натпревар во к…