Дома Фудбал Донесена е одлука: Одегард добива нова шанса во Реал Мадрид

Донесена е одлука: Одегард добива нова шанса во Реал Мадрид

Реал Мадрид одлучул да го врати Мартин Одегард во своите редови од наредната сезона.

Норвешкиот фудбалер игра навистина одлично во дресот на Реал Сосиедад. Раководството на клубот од Мадрид е и тоа како задоволно од она што тој го пружа сезона и донесена е одлука на лето да се врати на „Бернабеу“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Одегард уште во 2015 година пристигна во Реал и тоа со епитет еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Меѓутоа не му одеше, па клубот започна да го праќа на позајмици.

Играше за Херневен, Витесе, а од оваа година е член на Реал Сосиедад каде што игра фантастично.

Останува да видиме дали по враќањето ќе успее да се наметне кај Зинедин Зидан. Оваа сезона во дресот на тимот од „Сан Себастијан“ одигра 16 натпревари и има учинок од четири гола и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…