Една од дерби средбите во рамките од 13 коло во италијанската Серија А се игра вечерва со почеток во 20:45 помеѓу Наполи и Милан.
Младиот голман на „росонерите“, Џанлуиџи Донарума на стартот од сезоната потпиша нов договор со Милан и одлучи да остане на „Сан Сиро“. Натпреварот во Неапол ќе биде од посебно значење за овој 18 годишен голман, а евентуален пораз на Донарума би му донел „проблеми“ во неговиот дом.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Донарума призна дека за Милан навива од мали нозе и дека неговиот сон секогаш бил да заигра за „росонерите“. Сепак, неговото детство не бил баш „лесно“ бидејќи бил на мета после секој пораз на Милан. Причината е што неговото семејство навива за Наполи.
„Мојот сон секогаш беше да настапувам за Милан и сега ми е чест што имам можност да го носам овој дрес. Во мојот дом често пати имаше „војна“ бидејќи ме провоцираа секогаш кога Милан ќе беше поразен. Поголемиот дел од моето семејство навива за Наполи. Не го заборавив тоа и трпеливо чекам одмазда“, изјави Донарума.