Јувентус игра лошо оваа сезона и тоа е јасно. Екипата на Масимилијано Алегри во овој момент е на осмата позиција во Серија А со 10 бода после седум кола, додека во Лигата на шампионите имаат два порази во двата натпревари.
Секако дека ова не е старт како што во клубот и навивачите очекуваат. Токму затоа голем дел од фановите и бараат заминување на Алегри, кој се смета за главен виновник за ваквите резултати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дека проблемот е до играта на Јувентус, не до играчите може показател да биде уште еден податок. Имено, Јувентус во овој момент има направено најмалку пасови во последната третина од тереното д сите екипи во најсилните пет првенства.
Фудбалерите на Алегри само 18% од своите пасови ги оствариле на опасната зона за противникот. Кога ова се знае станува и јасно зошто тимот има само девет гола во Серија А.
Покрај Јувентус ист процент на дното имаат уште Алмерија, Атлетико Мадрид и Бурнемоит, но од овие екипи не сме ниту навикнати да доминираат како што тоа во блиското минато во Серија А го правеше „старата дама“.